
Гере Трипков
Основач и активен претседател на Здружението ИКУАЛИТИ, проектен менаџер за проектот Зен 2.0
Тој е застапник за правата на маргинализираните општествени групи и е посветен на активистички проекти за унапредување на човековите права веќе 10 години. Тој е исто така Life & Executive Coach и основач на иновативната, меѓународно наградувана коучинг програма ,,Cosense – Coaching With All Senses”.
Како јавна личност има остварено над 15 години работно искуство во највисоките владини институции и во невладиниот, како и во приватниот сектор.

Ружица Стојановска
Проектен координатор и менаџер на заедници во Здружението ИКУАЛИТИ
Дипломиран социјален работник, водена од емпатија, прифаќање и еднаква љубов за сите. Посветена на подобрување на секојдневниот живот на маргинализираните групи и ублажување на социјалните ризици во различни области.
Со претходно работно искуство во социјална работа со стари лица и образовна асистенција, што ја носи до здружението Икуалити и отвара нови погледи и идеи во насока на дополнително учење, лично унапредување и постигнување на идејата за еднакви можности и почитување на сите.

Симона Трипкова
Графички дизајнер во рамки на проектот Зен 2.0
Магистер по графички дизајн, креативен волшебник и графички гуру кој од најмали нозе го открива уметничкиот повик во себе кој ја соочува со една ненаситна љубопитност за цртање и сликање. Со текот на годините станува страстен графички дизајнер со изострено око за детали, претворање на соништата во дизајни и трансформирањето на идеи во визуелни ремек-дела станува нераскинлив дел од нејзиното постоење.
Има долгогодишно искуство во индустријата и привилегија да соработува со различни клиенти и да создава привлечни визуелни приказни. Исто така, посветено работи на кампањи кои имаат широка човечка димензија и се од големо социјално значење.

Лидија Крстеска
Маркетинг и социјални мрежи
Основач на маркетинг агенцијата Moveup и е вечен ентузијаст за добри маркетинг практики. Таа искрено верува дека телото може да се менува со помош на умот, а и дека ,,колку што ќе му дадеме на светот, толку ќе ни биде возвратено”. Нејзината порака гласи: ,,Верувам дека ние, луѓето со попреченост, можеме да направиме културолошки и практични промени за сите идни генерации.”
Таа верува во достапноста до нови животни искуства на повисоко, различно ниво и срдечно ве поканува да се приклучите во заедничката мисија.