Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост ИКУАЛИТИ, во рамки на својата активна посветеност на унапредување на општеството како основна цел ја поставува заштитата на правата на лицата со попреченост, создавање на позитивни општествени промени и поттикнување на пошироката јавност кон учество во тие општествени промени преку разнолични проекти за личен и општествен раст и развој. Еден таков проект е токму проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”, кој претставува иницијатива за соработка помеѓу локалните власти и младите лица со интерес за активно учество во иницирање и спроведување позитивни општествени промени.

Проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” има за цел да ја поттикне мобилноста на младите, кои преку своето проактивно делување ќе придонесат кон општествениот напредок. Низ 5 форуми, во 5 општини ширум земјата, Зен 2.0 Караванот предводен од Здружението ИКУАЛИТИ ќе ја негува инклузијата и ќе им пружи поддршка на младите лица кои ќе бидат вклучени во процесот на изнаоѓање стратешки решенија за различни општествено релевантни теми, кои се од големо значење пред се за младите, а и за сите останати учесници во општествениот живот.
Младите во текот на овој проект ќе добијат можност да идентификуваат различни проблеми и да поттикнат позитивни промени во нивната околина. Позитивната трансформација ќе биде поткрепена со соработка и поддршка од страна на општините и локалните власти. Во текот на целиот процес, Здружението ИКУАЛИТИ ќе ги стави во центар на вниманието самите млади, нудејќи им менторство, можности за вмрежување и обуки за ментален и физички имунитет. Како финална задача, предвидено е работење на конкретни прашања од широкиот опсег на општествено живеење, каде што младите ќе имаат можност да делуваат како инспиратори и покренувачи на промени преку креирање на стратешки решенија за предизвиците и прашањата кои ќе ги идентификуваат како најзначајни. Посветувајќи се на оваа иницијатива, истовремено ќе добијат и можности за унапредување на своите лични и професионални вештини, кои ќе им служат и во иднина за континуирано активно учество во различни области од општествениот живот.
Мисијата на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” е да се креира успешен модел на соработка, со цел отпочнување на позитивни промени со кои ќе се создадат услови во државата, во кои младите имаат широк опсег на можности за постојано унапредување и успешно креирање на сопствени приказни.
Проектот е поддржан од European Endowment for Democracy (EED).
Организатор:
