Здружението ИКУАЛИТИ, во рамки на тековните активности на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” на ден 22.12.2023 година (петок) одржа средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-н Орце Ѓорѓиевски.
На средбата присуствуваше и тимот на млади лидери од Скопје, кои започнаа да делуваат за позитивни промени во својот град. На оваа средба, младите лидери имаа можност на градоначалникот да му го претстават проектот, како и досегашните резултати од истиот.
Проектот „Зен 2.0 Караван” претставува иницијатива преку која на младите им се пружа можност преку учество во менторски форуми да ги унапредат своите лични и професионални вештини и истите да ги применат и да делуваат проактивно во својата заедница. Во првата фаза на проектот, беше формиран тим до 4 млади лица кои се спремни за промени и кои со својата посветеност и истрајност покажаа дека тие промени се возможни. По спроведениот форум, младите лидери самостојно избраа еден предизвик на локално нив на кој би сакале да работат и да го надминат – поставување на тактилни патеки за лица со оштетен вид.
Младите лидери од Скопје, со поддршка од Здружението Икуалити, упати барање за средба до Општина Кисела Вода, кое на наше задоволство беше прифатено. На средбата со градоначалникот, младите лидери од Скопје го претставија проектот и му ги пренесоа на градоначалникот своите идеи за делување за позитивни општествени промени, кои ќе го унапредат квалитетот на живот на целата заедница. Градоначалникот изрази отвореност и подготвеност за взаемна соработка со младите лидери, како и за развивање на можни решенија за реализација на предложените позитивни промени од општествено значење.
Пружената можност за средба со градоначалникот г-н Орце Ѓорѓиевски е поттик за младите лидери од Скопје да продолжат истрајно да иницираат и да делуваат за позитивни промени. Започнатата соработката помеѓу младите и локалните власти е доказ дека со заедничко вложување и ангажман може да се придонесе за креирање подобри услови и квалитет на живот за сите категории на граѓани.
Соработката на Здружението Икуалити со Општина Кисела Вода продолжува и во наредните фази на проектот, како и во рамки на проектот Фестивал за инклузија, а ова позитивно искуство ќе се искористи како пример за делување и во останатите општини ширум земјата.
За повеќе информации и содржини следете не: Официјален инстаграм профил