Менторски форум број 1 ⌛️ #Повик1 #Скопје 💡 #ЗаПодоброЗадутре
Се одржа првиот дел од обуката на Првиот менторски форум на караванот за млади лидери, кој започна во Скопје.
Младите учесници научија како да имаат успешна јавна презентација и да се претстават пред конкретна публика. Исто така, добија искуство и техники за градење на физички и ментален имунитет. Овие обуки беа под менторство на Гере Трипков и Марија Дивитарова.
Вториот дел од обуката беше фокусирана на индивидуално и групно самозастапување и учесниците стекнаа вештини за користење на правните процедури и механизми за постигнување на позитивни промени, во рамки на локално односно општинско ниво, под водство на млади правници со искуство од високи државни институции.
Обучувачите споделија искуства кои ќе им помогнат на младите лидери во периодот кој следи да иницираат конкретна промена за предизвик од општествен карактер.
🗣 #МладиИУспешни
🚍 #КараванЗаПромени
🌍 #ПроменитеОдНасЗависат
✏️ #БидиПромена
▶️ #Делувај













