
Група младински лидери од Битола, со поддршка од Здружението ИКУАЛИТИ, во рамки на проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ, поради нередовноста и неквалитетната услуга во автобускиот превоз, покренува иницијатива за разрешување и подобрување на јавниот превоз во Општина Битола.
За да ни помогнеш да дознаеме зошто јавниот превоз е неквалитетен и не ги задоволува твоите потреби, потребно ни е да ја пополниш анкетата. Податоците од секој еден учесник ќе бидат обработени и ќе помогнат да се иницира, поттикне и промени состојбата во јавниот превоз во Општина Битола.
Рокот за пополнување е 20 декември 2024 година(петок).
По завршување на рокот и прибирање на информациите од спроведената анкета за јавно мислење на младите од Општина Битола, ќе биде испратено барање до соодветните служби одговорни за јавниот превоз и превозниците на/од Општина Битола со конкретни предлози за разрешување на овој битен проблем за младите.
Проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ има за цел поддршка и соработка со млади лица низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата, кои ќе се вклучат во воведување на промени и изнаоѓање на решенија за различни општествени прашања на локално ниво, кои се од големо значење, пред сé за младите, но и за сите учесници во општеството.