Програма за менторски форуми – унапредување на капацитети на млади лидери за промени во 5 општини ширум Македонија

Целни општини на проектот: Скопје, Гостивар, Битола, Струмица и Скопје.

Целна група: 5 групи од 5 општини, составени од максимум 7 лица од 16 до 24 години, дел од средното или високото образование, со изразен интерес за активно делување и промена за општествено добро, избрани низ процес на пријавување за учество. 

ДЕЛ 1

1. Менторска обука „Јавен настап и креативно себепрезентирање“ – Марија Дивитарова

Марија Дивитарова е долгогодишен новинар со искуство во домашни и меѓународни медиуми. Во моментов е уредник и водител на вести во ТВ Телма. Соработува со Германското национално радио (WDR) програма на босански/хрватски/српски јазик.

Беше дел и од македонската редакција на Светскиот сервис на БиБиСи (BBC). Следи теми од меѓународна и регионална политика, како и теми поврзани со европските интеграции на Западен Балкан.

2. Менторска обука „Во здраво тело, здрав дух – обуки за физички и ментален имунитет“ – Гере Трипков

Гере Трипков е основач и активен претседател на Здружението ИКУАЛИТИ, проектен менаџер за проектот Зен 2.0

Тој е застапник за правата на ранливите општествени групи, посветен на активистички проекти за унапредување на човекови права над 10 години. Life & Executive Coach и основач на иновативната, меѓународно наградувана коучинг програма ,,Cosense – Coaching With All Senses”.

Јавна личност со над 15 години работно искуство во највисоките владини институции, но и во невладиниот и во приватниот сектор.

ДЕЛ 2

1. Менторска обука „Како до успешно индивидуално и групно застапување“ – под менторство на правници со искуство во застапување на групи и заедници во остварување на основите човекови права.

Обуката за менторство за индивидуално самозастапување или групно застапување ќе се одржи во соработка со реномиран тим на правници, кои имаат широко портфолио и искуство во обучување на групи и заедници во остварување на човековите права.

Дополнително, учесниците ќе се запознаваат со одговорни лица – претставници на општини, компании од јавниот и приватниот сектор, од секторите за општествена одговорност и прашања поврзани со младите, искуства кои ќе потпомогнат во процесот на пристапување и иницирање на промени на предизвици од општествен карактер.

2. Менторска евалуација и избор на предизвик од интерес на младите од дадената општина „Замисли, проектирај и направи промена“

По завршување на серијата на обуки, секоја од групите ќе предложи серија на предизвици кои се од големо значење за младите во дадената заедница и/или општина.

Потоа од листата на предлози, групата ќе избере еден предизвик, кој во утврдениот рок од страна на групата учесници, со искористување на стекнатите менторски вештини и преку проактивен пристап, а под менторство на тимот на Икуалити и вклучените ментори, ќе работи на негово разрешување и надминување.