[Продолжен рок – Повик за учество бр.3] Трет Форум за менторство на млади Zen 2.0 лидери на заедниците

Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост ИКУАЛИТИ, во рамки на проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ , објавува Повик за млади (16 – 24 год.) од Општина Битола, со желба за проактивно делување за промени на општествено релевантни теми. Повикот за аплицирање е продолжен, и наместо до 21 мај, е отворен до 23 мај 2024 годдо 23:59 часот.

Проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ има за цел поддршка и соработка со млади лица низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата, кои ќе се вклучат во воведување на промени и изнаоѓање на стратешки решенија за различни општествени прашања на локално ниво, кои се од големо значење, пред сé за самите млади, а исто така и со големо  влијание врз сите учесници во општеството.

Во текот на овој проект, младите ќе имаат можност да ги унапредат личните и професионалните вештини преку:

● Менторирање за лидерство;
● Вмрежување и комуникациски вештини;
● Обуки за физички и ментален имунитет;
● Работа на конкретнa задача за промена од интерес на младите во заедниците каде живеат.

За аплицирање, пријавете се подолу или испратите маил до equalityskopje@gmail.com во кој ќе посочите: Име и презиме, Возраст, Образование (име на училиште/факултет), Општина на живеење и да испратите ваша биографија – CV, најдоцна до 21 мај 2024 год. до 23:59 часот. /Рокот на повикот е дополнително продолжен до 23 мај 2024 година до 23:59 часот/.

По завршување на повикот, на 27 мај 2024 година, од 19 – 20 часот ќе се одржи Информативна сесија за сите пријавени.

Активноста Трет форум за Млади лидери на заедницата, од проектот „ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, со избраните финалисти – 5 или 6 особи, ќе се одржи на 31 мај 2024 година во Битола.

Пријави се, да делуваме...

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Drag and drop files here or
Max File Size: 10 MB
* Повлечи го фајлот и прикачи го во прозорчето погоре.