[Продолжен рок – Повик за учество бр.2] Втор Форум за менторство на млади Zen 2.0 лидери на заедниците /+текст Eng. Alb. Tur. Srp./

Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост ИКУАЛИТИ, во рамки на проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ , објавува Повик за млади (16 – 24 год.) од Општина Гостивар, со желба за проактивно делување за промени на општествено релевантни теми. Повикот за аплицирање е продолжен и наместо до 22 јануари 2024 година, е отворен до 24 јануари 2024 год. до 23:59 часот.

Проектот ,,ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедницитеˮ има за цел поддршка и соработка со млади лица низ 5 форуми во 5 различни општини ширум земјата, кои ќе се вклучат во воведување на промени и изнаоѓање на стратешки решенија за различни општествени прашања на локално ниво, кои се од големо значење, пред сé за самите млади, а исто така и со големо  влијание врз сите учесници во општеството.

Во текот на овој проект, младите ќе имаат можност да ги унапредат личните и професионалните вештини преку:

Менторирање за лидерство;
● Вмрежување и комуникациски вештини;
● Обуки за физички и ментален имунитет;
● Работа на конкретнa задача за промена од интерес на младите во заедниците каде живеат.

За аплицирање, пријавете се подолу или испратите маил до equalityskopje@gmail.com во кој ќе посочите: Име и презиме, Возраст, Образование (име на училиште/факултет), Општина на живеење и да испратите ваша биографија – CV, најдоцна до 22 јануари 2024 год. до 12:00 часот. /Рокот на повикот е дополнително продолжен до 24 јануари 2024 година до 23:59 часот/.

По завршување на повикот, на 25 јануари 2024 година, од 19 – 20 часот ќе се одржи Информативна сесија за сите пријавени.

Активноста Втор форум за Млади лидери на заедницата, од проектот „ZEN 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, со избраните финалисти – 5 или 6 особи, ќе се одржи на  30-31 јануари 2024 година во Гостивар и/или Скопје.

Click for text in english, albanian, turkish, serbian:

Пријави се, да делуваме...

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Drag and drop files here or
Max File Size: 10 MB
* Повлечи го фајлот и прикачи го во прозорчето погоре.