Во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, се одржа првиот од петте форуми за менторство за млади лидери, наменет за поширокото подрачје на Град Скопје, на кој учество земаа 5 учесници водени од 4 ментори.
На повикот беше забележана следната процентуална застапеност: 77% жени, наспроти 29% мажи, од кои 64% се со средно, а 36% со високо образование. Пријавените беа од следните општини: Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Карпош и Ѓорче Петров.
По иницијалната онлајн инфо-сесија, која се одржа на 29 октомври 2023 година, комисијата составена од менторите на првиот менторски форум, ги избраа финалните 5 лица – учесници.
Првиот дел од 1-от менторски форум за млади лидери на заедниците во рамки на проектот Зен 2.0 Караван се одржа на 31 октомври, во седиштето на Здружението Икуалити – Скопје.
Учесниците на почетната менторска обука „Јавен настап и креативно себепрезентирање“, водена од Марија Дивитарова имаа можност да се стекнат со вештини за јавно себе-презентирање и комуникациски вештини, каде низ практични примери и вежби добија можност да се претстават, да создадат различни видови на известувања за медиуми, но и да бидат информирани за типовите на комуникација, кои постојат помеѓу индивидуално лице или група и еден јавен медиум.
Во втората менторска обука насловена „Физички и ментален имунитет“, водена од Гере Трипков, претседателот на Здружението Икуалити и тренер за личен развој, учесниците се стекнаа со вештини, како со конкретно делување да станат свесни за сопственото влијание во креирање на постабилен имунитет, како на физичко, така и на психичко ниво.







Во вториот дел од 1-от менторски форум за млади лидери на заедниците, се одржа менторска обука „Како до успешно и индивидуално и групно застапување“, спроведена од млади правници, каде учесниците беа обучени за начините за самозастапување, во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво. Беа прикажани и позитивни примери за правни чекори, кои довеле до позитивен исход за барателите на правдата, особено во делот на заштита на основните човекови права.
Дополнително во рамки на вториот дел учесниците имаа можност да се сретнат со Сашо Јованоски – советникот за образование во кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. На оваа непосредна средба младите лидери имаа можност да постават конкретни прашања за начините за индивидуално или групно обраќање до службите на локално ниво, во случајот општинските. Беа охрабрени сопствените барања и потреби да ги артикулираат преку постоечките правни механизми и достапни и пристапни начини на комуникација, се со цел остварување на сопствените барања и права, како млади лидери, но и како претставници на општествена група, која е најзасегната во дадената општина.









По завршување на Првиот менторски форум и евалуацискиот период, младите лидери во рамки на иницијативата „Замисли, проектирај и направи промена“ ќе одберат едно значајно прашање или предизвик, што со помош на стекнатите вештини и под менторство на обучувачите во периодот што следи ќе се обидат да го надминат. Истот е се со цел да обезбедиме видлива промена, која ќе ги мотивира нивните врсници, но и целото општество, дека промента е возможна, само и доколку превземеме чекори за остварување на истата.
Зен 2.0 Караванот истовремено навлегува во следната фаза, односно подготовките за вториот повик, наменет за младите од Општина Гостивар. Во соработка со општинските власти, како и со поддршка на локални организации од областа на младинските прашања Зен 2.0 Караванот ќе се обиде да работи на промени и во останатите 4 проектни општини, Гостивар, Битола, Стурмица и општините од подрачје на Град Скопје.
Повикот за млади лица – учесници од Општина Гостивар ќе биде објавен во почеток на месец декември 2023 година.
За повеќе информации и содржини следете не: Официјален инстаграм профил